Борел: Посетата на Пелоси да не биде изговор за агресивни активности

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска, по повод почетокот на кинеските воени вежби околу Тајван, изјави дека нема оправдување за посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси „да се користи како изговор за агресивни воени активности“.

„Нормална и рутинска работа е пратениците од нашите земји да патуваат во странство. Ги повикуваме сите страни да останат смирени, да бидат воздржани и да дејствуваат транспарентно“, напиша Борел на Твитер.

Кинеската Народноослободителна армија рано утринава започна големи вежби со боева муниција во морињата околу Тајван, еден ден по посетата на Пелоси на Тајпеј.

Пелоси направи кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец.

Слични содржини