138
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, го повика Израел да не користи смртоносна сила, освен во „крајно неопходна ситуација“, како одговор на палестинските напади денеска и вчера, во кои загинаа седум лица, а 12 беа ранети.
Денеска две лица се ранети во пукање во нов напад во источен Ерусалим, соопшти израелската полиција и го опиша како „терористички напад“ извршен ден по смртоносниот напад на синагога во истиот град во кој загинаа седум лица, а 10 беа ранети, јавуваат агенциите.
Пукањето се случило помалку од 24 часа по нападот на синагогата, кој се случи на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.