Борел предлага создавање на долгорочен одбранбен фонд за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Европската унија треба да размисли за претворање на Европскиот мировен фонд, кој се користеше за финансирање оружје за Киев, во потрајно средство за долгорочно вооружување на земјата, предложи денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Зборуваме за безбедносни обврски. Од моја страна, тоа значи дека воената поддршка за Украина мора да биде долгорочна… за време на војната и по војната“, рече Борел пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел, пренесе „Ројтерс“.

Европскиот мировен фонд за Украина можеби ќе треба да стане Фонд за одбрана на Украина, посочи тој.

Слични содржини