Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска на конференцијата за безбедност во Минхен изјави дека надворешната и безбедносната политика на ЕУ е фокусирана на жаришните точки во Украина и на Блискиот Исток.
„Мораме да обезбедиме безбедносни приоритети на Украина и да и помогнеме на нејзиниот пристап во ЕУ по долгогодишни тензии со Русија. Затоа, имаме проблем и со Русија и мораме да разгледаме различни сценарија“, рече Борел на панелот посветен на следните геополитички приоритети на Европската унија.
Според него, неопходно е да се промовира мировно решение на Блискиот Исток и активно да се придонесе за завршување на војната во Газа.
„Мислам дека во ЕУ постои подготвеност да се прифати решение со две држави, но потребно ни е единство“, рече Борел.