Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, рече дека растот на потезите и реториката на поделби низ Западен Балкан во 2021 година ги попречуваат напорите за приближување на регионот до европската иднина.
Во новогодишниот блог, во кој се осврна на најважните настани во минатата година, во врска со надворешната политика на ЕУ, Борел изјави дека тоа особено важи за Босна и Херцеговина.
„Зголемената реторика и акциите за поделби низ Западен Балкан, особено во Босна и Херцеговина, ги попречија напорите за приближување на шесте земји до нивната европска иднина“, рече Борел.
Борел, исто така, напиша дека како што се шири хибридниот конфликт, ЕУ мора да продолжи да ги поддржува Украина или Молдавија „во отпорот на рускиот притисок“ и да одржи „бескомпромисен пристап“ кон Белорусија.
Тој ја дефинираше 2021 година како „година на транзиција“, наведувајќи дека геополитичките промени „се интензивираа со политиката на моќ која постојано ги доведуваше во прашање ЕУ и нејзините вредности“.
„Мораме да одговориме со сета решеност што можеме да ја собереме“, рече високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност“, вели Борел.