Борел: Руската агресија врз Украина е кршење на принципите на кои се заснова ОБСЕ

од Stefanija Kuzmanovska
99 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека руската агресија против Украина, систематското уништување на цивилната инфраструктура и употребата на зимата како оружје со цел да се внесат темнина и студ кај луѓето во таа земја, претставуваат воено злосторство и кршење на меѓународното право и принципи на кои се заснова ОБСЕ.

„Русија донесе војна во Европа, а бидејќи не успеа да ја покори Украина, сега систематски ја уништува целата цивилна инфраструктура“, изјави Борел за новинарите во Советот на министри на земјите-членки на ОБСЕ, кој започна денеска во Лоѓ, Полска.

Тој додаде дека ЕУ ќе го поддржи Меѓународниот кривичен суд, кој веќе соработува со украинските обвинители.

Слични содржини