Борел: Санкциите не се грешка, ќе продолжиме да ги зајакнуваме

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, денеска најави дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина, вклучително и зајакнување на воената помош, но и зајакнување на санкциите против Русија.

Борел оцени дека во ЕУ се води „голема дебата за ефективноста на санкциите на ЕУ против Русија“, како и дека „некои лидери велат дека санкциите биле грешка и дека тие повеќе ја погодиле ЕУ отколку Русија“.

„Не мислам дека тоа е грешка. Ова е нешто што моравме да го направиме и ќе продолжиме да го правиме“, рече шефот на дипломатијата на ЕУ.

Слични содржини