Борел: Украинските напади врз Русија со западно оружје се легитимни, но само две земји од ЕУ се подготвени да ги укинат ограничувањата

од Milan1
407 прегледи

Нападите на Украина на руска територија со западно оружје се „легитимни според меѓународното право“ доколку се „пропорционално извршени“, иако засега голем број членки на Европската унија не се согласуваат со тоа, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел на прес-конференција на крајот од седницата на Советот на министри за одбрана на ЕУ.

„Ја разгледавме можноста за укинување на ограничувањата за напади од западно оружје врз воени објекти на руска територија. Ова е апсолутно легитимно од гледна точка на меѓународното право, доколку тие се спроведуваат пропорционално“, нагласи Борељ.

Сепак, тој истакна дека „само една или две земји од ЕУ се подготвени да ги укинат тие ограничувања, а останатите во моментов размислуваат за тоа“.

Исто така, Борељ нагласи дека никој не може да натера ниту една земја од ЕУ да донесе таква одлука и дека секоја земја самостојно одлучува за тоа.

Шефот на европската дипломатија додаде дека, поради недостиг на консензус, ЕУ не може да одобри распределба на 6,6 милијарди евра за Украина за набавка на оружје со цел да се запре руската офанзива повеќе месеци.

Слични содржини