Борел в понеделник во Брисел ќе го претстави планот за мир меѓу Израел и Палестинците

од Radmila Tasevska
168 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, утре на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел ќе го претстави планот од 10 точки за мир меѓу Израел и Палестинците.

Во писмото до земјите-членки, Борел напиша дека неговиот патоказ „ќе го елаборира, со практични предлози, договорениот принцип дека само политичко, одржливо, долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт ќе донесе мир меѓу двата народи и стабилност во регионот“, јавија медиумите во Брисел и во Израел.

Планот на Борел предвидува мировен процес што води до создавање на палестинска држава покрај Израел и целосна нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави.

Слични содржини