Борел: Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен и надополнет

од Берта Китинска
163 прегледи

Вашиот идентитет ќе остане и ќе биде зголемен и надополнет со другите идентитети што не се алтернативни туку се надополнуваат. На патот кон ЕУ нема да го изгубите својот идентитет. Никој не го изгубил. Вам не ви треба заклучоци за да го знаете тоа, изјави на самиот почеток од прес конференцијата во Брисел денес високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

-Секое човечко битите има неколку идентитети кои секогаш се копатибилни и затоа сме тука денес. Ни требате. Ни треба Северна Македонија за да го надополни нашиот сложен идентитет, потребни сме си едни на други затоа што зедно сме посилни“, изјави во своето воведно обраќање на меѓувладината конференција во Бирсел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.

Слични содржини