Борел: Западен Балкан не е наш заден двор, туку внатрешен простор

од Nikola Popovski
241 прегледи

По минатонеделната посета на Западен Балкан, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека ЕУ е „цврсто посветена на уште поголема поддршка на регионот“ и „да постигне напредок кон неговата иднина во Европската унија“.

По посетата на Албанија, Северна Македонија и БиХ, Борел на својот блог истакна дека војната во Украина евоцира „живи спомени“ од војните за време на распадот на поранешна Југославија и ги повика сите земји во регионот да продолжат со блиската соработка со ЕУ и цврсто на патот кон ЕУ“.

-Европската унија е длабоко ангажирана во Западен Балкан. Работевме да помогнеме да ги залечиме раните од конфликтот, да ги решиме преостанатите спорови и да ги модернизираме општествата и економиите преку перспективата за приклучување кон Европската унија. Иднината на Западен Балкан очигледно лежи во ЕУ, бидејќи тие не се нашиот двор, туку нашиот внатрешен простор, напиша Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ вели дека уште пред почетокот на војната во Украина имало загрижувачко оживување на тензиите на Западен Балкан, ставајќи ја внатрешната ситуација во БиХ и односите меѓу Белград и Приштина во преден план.

Тој забележува дека „надворешното мешање“ е видливо на Западен Балкан со цел да се дестабилизираат земјите од регионот и да се ослабне ЕУ, истакнувајќи ги, како што наведува, „подмолните и добро документирани кампањи за дезинформација на Русија“.

-Бруталниот напад на Путин врз Украина ги принудува сите земји да направат избор. Изборот помеѓу владеењето на правото и владеењето на оружјето, помеѓу поредокот заснован на правила и светот на гола агресија. Ние сме обединети со земјите што ги посетив во обид да се запре невидената војна во Украина. Мораме да продолжиме тесно да соработуваме за Западен Балкан да биде мирен, стабилен и цврст на патот кон ЕУ, рече Борел.

Борел ги забележува засилените стравови од порастот на цените на енергенсите и храната кои во моментов се присутни „на Западен Балкан“, како и фрустрацијата на земјите од регионот поради доцнењето на патот кон ЕУ.

-Ја препознаваме фрустрацијата во регионот поради одложувањата на напредокот на патот кон ЕУ. Луѓето од Западен Балкан се многу цврсти во својата определба да влезат во ЕУ. Во јасен стратешки интерес на ЕУ е да оди напред, заклучува Борел.