Борељ: ЕУ го отфрла поттикнувањето на верска омраза и нетолеранција

од Stefanija Kuzmanovska
185 прегледи

По неодамнешните постапки на поединци во Европа кои навредиле многу муслимани, Европската унија го повторува своето силно и решително отфрлање на каква било форма на поттикнување на верска омраза и нетолеранција, изјави денеска високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Неодамна, копии од Куранот беа запалени пред амбасадите на земји како Египет, Данска и Шведска.

„Почитувањето на различностите е основна вредност на Европската унија. Ова вклучува почитување на другите верски заедници. Сквернавењето на Куранот, или која било друга книга што се смета за света, е навредливо, непочитувачки и јасна провокација. Изразите на расизам, ксенофобија и поврзана нетолеранција немаат место во Европската унија“, изјави Борел.

Слични содржини