Борељ: Го напуштам Брисел фрустриран затоа што не успеавме да го запреме масакрот во Газа

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика во заминување, Жосеп Борел, денеска изјави дека си заминува од Брисел „со голема фрустрација“, бидејќи не успеал да го спречи, како што наведе, масакрот што Израел го врши врз Палестинците во Газа.

„Го напуштам Брисел со огромна, гигантска фрустрација, бидејќи не можевме да го запреме тој масакр“, рече Борел во интервју за шпанското национално радио RNE, што е негово последно интервју во улога на шеф на дипломатијата на Европската Унијата.

Борел, кој пред неколку дена во Јордан разговараше со претставници на ОН кои се задолжени за хуманитарна помош и на кои Израел не им дозволува да достави помош во Појасот Газа, рече дека тогаш слушнал „сурови работи“, пренесе РТВЕ.

Слични содржини