Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе поднесе оставка, објави „Ројтерс“.

Би-Би-Си јавува дека Џонсон ќе поднесе оставка како лидер на конзервативците, додека премиер ќе остане до есен.

Трката за лидер на партијата ќе се одржи летово, а новиот премиер ќе биде именуван пред конференцијата на Ториевците во октомври.

Слични содржини