Додека масата луѓе се собрираше за да го испрати новиот премиер Борис Џонсон како влегува во Даунинг Стрит 10, сите очи беа насочени во неговата девојка Кери Сајмондс. Таа од страна гледаше како нејзиниот партнер сам влегува во славната резиденција.

Повеќето нови премиери досега пред Даунинг стрит позираа со своите партнери, но Џонсон својата поубава половина ја остави надвор, заедно со персоналот.
Британските медиуми ова го опишаа како “ненамерен” потег, за таа да не го “засени” и да му ја украде славата.
Парот е под будното око на медиумите откако почнаа да се забавуваат минатата година, но никогаш не сакаа да зборуваат за својата врска.
Новиот премиер уште е во бракоразводен процес од сопругата Марина Вилер, со која беше во брак 25 години и имаат четири деца.
Николас Ален, предавач на Универзитетот во Лондон, вели дека би било “индискретно” ако Џонсон во вилата влегол со девојката.

“Тешко му беше да влезе во Даунинг стрит со другата жена, кога технички уште е во брак со сопругата. Тоа би се сметало за индискретно”, сугерира тој.
Одлуката Кери Сајмондс да не позира со партнерот отвори низа нови прашања: кога и дали таа воопшто ќе се всели во резиденцијата?
Џонсон досега неколку пати одби да одговори на прашањето дали “првата девојка на нацијата” ќе се всели во Даунинг стрит.
“Не зборувам за луѓето што ги сакам. Тие не можат да зборуваат сами за себе и вие ги вовлекувате во контроверзи и расправи кои, по моето мислење, не ги заслужуваат”, вели Џонсон.
Британските медиуми пренесоа претходно дека Сајмондс ќе живее со Џонсон во четирисобен стан во Даунинг стрит 11.
Доколку тоа се случи, тие ќе бидат првиот невенчан пар кој некогаш живеел во резиденцијата.