Борис Џонсон побара од Меј да претстави нов план за Брегзит

од Vlatko K
79 прегледи

Поранешниот шеф на британската дипломатија Борис Џонсон денеска ја повика премиерката Тереза Меј да го претстави нејзиниот нов план за Брегзит, откако претходниот, наречен „Чекерс“, беше отфрлен од страна на Европската унија.

– Не им верувајте кога ви велат дека не постои друг план и не постои алтернатива. Планот „Чекерс“ треба да биде отфрлен. Ако ги измамиме гласачите, а „Чекерс“ претставува измама, ќе го засилиме чувството на недоверба кон нас, изјави Џонсон на конференцијата на владејачката Конзервативна партија во Бирмингем.

Џонсон поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во Владата на Меј, откако таа го претстави планот „Чекерс“, кој предвидува Велика Британија и по Брегзитот да биде обврзана од значителен дел од европските регулативи.

Џонсон изјави дека Велика Британија е до таа мерка деморализирана и изморена, што постои опасност да прифати да биде управувана од страна на странци.

– Колеги конзервативци, ова не е демократија. Не гласавме за ова, потенцира Џонсон, за кого се смета дека планира кампања за смена на Меј од челото на Конзервативната партија и Владата.

 

Слични содржини