Борис Џонсон со најмногу гласови во првиот круг за избор на наследник на Меј

од desk2
136 прегледи

Борис Џонсон обезбеди најмногу гласови во првиот круг од изборот на новиот лидер на конзервативната партија и нов премиер на земјата.

Џонсон доби 114 гласа, Џереми Хант беше втор со 43, а Мајкл Гоув со 37 гласа, додека тројца кандидати беа елиминирани.

Седумте кандидати кои останаа ќе продолжат во следниот круг на гласање што ќе се одржи следната недела. Наследникот на Тереза Меј ќе биде соопштен следната недела на 22 јули.