Борис Трајковски е прв креатор на Договорот за соработка со Бугарија, вели Георгиевски

од Nikola Popovski
280 прегледи

Му личи на некој што е левичар во државава да е против Ванчо Михајлов. Но за некој што се декларира како вмровец и десничар тоа е недозволиво ако ја прифаќа десничарската матрица и идеологија. Не е дозволиво да плука по Михајлов. И сакам да потенцирам дека тој никогаш не се залагал за Голема Бугарија, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Клик плус“ за името кое ја бранува македонската јавност откако беше отворен клуб во Битола.

Во однос на односите со Бугарија, Георгиевски информира дека прв креатор на Договорот за соработка со Бугарија бил поранешниот претседател Борис Трајковски.

-Тој беше заменик министер за надворешни работи и тој ја доби задачата да преговара и го правеше тоа со волја. Еве уште еден ексклузивитет. Борис Трајковски имаше семејна приказна, дедо му заминал за Канада и ја оставил фамилијата во Струмица. Од фамилијата имаше некоја фамилијарна обврска да стави цвеќе на гробот на дедо му. Јас со него сум бил седум-осум пати за САД и Канада. Дедо му го најде како член на МПО (Македонската патриотска организација), кажа Георгиевски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини