Кредитот на доверба кон Северна Македонија е исцрпен, изјави синоќа пратеникот на ВМРО, Борис Вангелов, за „Bulgaria ON AIR“.
„Кога зборуваме за братска Македонија, добро е да зборуваме за факти. Не за политички разговори. Пред некое време стана јасно дека кредитот на доверба кон Северна Македонија е исцрпен”, изјави пратеникот.
Според него, за време на владеењето на Никола Груевски имало „ледено доба“ во соседските односи.
Според него, работите се „разведриле“ со владата на Зоран Заев.
„Во Бугарија постои политички консензус. Партиите најдоа сила да бидат обединети по ова прашање.“ – посочи пратеникот.
Тој е на мислење дека во земјава се шири пропаганда за работи што не се точни.
„Во Македонија секој што ќе каже нешто позитивно за Бугарија енапаѓан. Во Европа има ред и вредности, демократија. Не случајно добрососедството е подигнато како вредност. Отсега па натаму, сè зависи од Македонците. Бугарската историја е ограбувана и фалсификувана со години“, истакна Вангелов.
Додаде дека кај нас постојат различни социјални слоеви, како и меѓу интелигенцијата.
„Тие се кандидати за членство во ЕУ, не можеме да ги принудиме на ништо. Во последно време се зборува дека она што Бугарија го сака е премногу. Дали мислите дека во Германија нема историски референци за „македонското прашање“ во последните 20-30-120 години?! Кога има политичка волја, сè може да се случи“,- коментира пратеникот.
Според него, време е Македонците да седнат и да одлучат што сакаат, а Бугарија да остане добронамерна.