Шефицата на кабинетот на Петков: Подаваме рака за започнување конструктивен дијалог со С.Македонија

од Берта Китинска
294 прегледи

Подаваме рака за започнување конструктивен дијалог. Ова го истакна Лена Бориславова, шеф на политичкиот кабинет на премиерот на Бугарија, Кирил Петков на тема односите на нашата земја со Бугарија.

Таа увери дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на 5 работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми.

Бориславова посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес била причина за посетата на Скопје на советникот за надворешна политика на премиерот Кирил Петков – Весела Чернева, која се одржа на 2 јануари.

Слични содржини