Бориславова: Дијалогот меѓу Бугарија и С. Македонија е подобрен

од Nikola Popovski

За време на посетата на комесарот за проширување Оливер Вархеји, ќе се разговара за членството на Бугарија во ЕУ, за поддршка на владините активности, вклучително и за дијалогот со Република Македонија. Не станува збор за забрзување на постапката, туку за преговарачка процедура која дава реални резултати, изјави шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова за бугарските медиуми.

-Позицијата на Бугарија нема да се промени. Двете земји работат заедно, постои подобрен дијалог и вистинска желба да се постигнат резултати од двете страни за да се расчистат насобраните тензии, додаде Бориславова.

Има јасна поделба во владејачката коалиција во однос на Македонија. Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија ја бранат тезата дека мора да се најде брзо решение, а БСП и Има таков народ не дозволуваат никакви компромиси на оваа тема.

Слични содржини