Пред министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, кој е во посета на нашата земја, бев категоричен дека сме должни заради сегашните и идните генерации да им свртиме грб на конфликтите и провокациите на кои бевме сведоци во последно време, изјавил поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов на средбата со Османи.
Борисов нагласил дека имаме заеднички пат кон Европа и изразил надеж дека нашите односи „ќе бидат се подобри и подобри бидејќи сме најблиски како држави и народ“.
-Изразив уверување дека важните работи меѓу Бугарија и РСМ се придвижуваат, но мораме да го прилагодиме општеството да не биде под влијание на ситници и да престанеме со провокативни дејствија, бидејќи може да изгубиме се што е досега постигнато во миг.
Се присетив и на ситуацијата со свирежите на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу нашите репрезентации и дека тогаш сите прашуваа што лошо сме им направиле на соседите за да заслужиме таков третман.
Србија и Косово, Украина и Русија, Турција и Грција – целиот регион е во конфликт. Останува ние и Северна Македонија да влеземе во конфликт. Луѓето сакаат да живеат добро. Да има гас, да има струја, да има просперитет, објави Борисов за што се разговарало на средбата со Османи.