173
Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија.
Ова го напиша лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
„Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува и денес народите на Северна Македонија и Бугарија!, напиша Борисов.