Бугарскиот премиер Бојко Борисов упати предлог на македонскиот колега Никола Груевски да поднесе оставка.
„Јас само давам пример што се прави од еден премиер, ако има недоверба поради една или друга причина. Потоа кај народот ќе се врати довербата“, вели Борисов за бугарскиот интернет порталот 24часа.бг.
Тој го потсетува Груевски дека и самиот за време на протестите во бугарската престолнина во текот на својот прв мандат поднесе оставка на владата.
„Се надевам ќе успеат да си ја средат државата“, изјавил уште Борисов.
„Македонија е многу важна земја за нас и службите секој час ме известуваат каква е ситуацијата. Засега е мирно“, додал Борисов. Тој објаснува дека Бугарија е навикната да биде опкружена со жариштата и ги наброи Украина, Крим, Србија, Косово.
