1,9K
„ЕУ ќе не понижи да ја пуштиме С.Македонија поради неуспешната надворешна политика на Радев, зарем не гледате што вели Макрон – до декември Скопје мора да започне преговори, ЕУ ќе не принуди да отстапиме, а тоа ќе биде поради Радев! Румен Радев е големата штета на државата. Ги подели партиите и сега тие се и анти-Радев и про-Радев и анти-Борисов и про-Борисов“.
Ова го изјави лидерот на ГЕРБ и екс премиер на Бугарија, Бојко Борисов во студиото на „Здраво Бугарија!“ на Нова ТВ.
„Ако погледнеме кој е најдобро подготвен во вакви кризи, тоа сум јас. Но, на мое големо жалење, и Румен Радев и јас – еден дел од Бугарите не не сака нас, а другиот – него. Двајца силни и искусни луѓе во кризата можеа подобро“, објасни Борисов.