Имав разговори со пратениците на ГЕРБ и ги прашав дали ми веруваат да го поддржам предлогот и ако се осмели овој кукавица и лажго Петков, ќе има поддршка од 59 пратеници и зелено светло на РС Македонија и Албанија, изјави денеска лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, пренесе БГНЕС.
Тој повика веднаш да се свика Министерскиот совет, да се даде предлог и да се дојде во Народното собрание.
– Верувам во Макрон, верувам во ЕУ. Се што е добро во Бугарија доаѓа од ЕУ. ЕУ и НАТО во моментов бараат проширување со Западен Балкан. ГЕРБ го започна овој процес. Петков ќе оди во Советот на ЕУ и ќе каже дека некој му пречи. Петков ќе се крие и ќе се плаши додека ГЕРБ не ја заврши работата. Ние знаеме како да се грижиме за нашата работа. Француското претседателство ја направи најдобрата рамка и таа не може да биде подобра – изјави лидерот на ГЕРБ.
Борисов истакна дека актуелната влада не направила ништо за Протоколот кој е составен дел на францускиот предлог. Тој појасни дека овој Протокол се уште не е потпишан.
– Петков си дозволува да лаже во Брисел дека ГЕРБ му пречи, дека министерот на Слави Трифонов му пречи и дека тие што не се со него се мафија. Не плашете се, дојдете во парламентот. Ова е најдоброто решение за Бугарија, Балканот и ЕУ – му се обрати Борисов на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Тој вели дека недоверба е парламентарна практика.
– Нинова седум пати побара недоверба и не сме ја нарекле мафија. Ако имаме премиер да свика собраниска седница, ќе влеземе ние 59 пратеници на ГЕРБ. Да се реши прашањето со РСМ пред гласање, да не се срами Бугарија како мрачен субјект – нагласи Борисов.