Борисов: Го исполнивме нашиот долг за ЕУ перспективата на Македонија, сега тие треба да ги стават Бугарите во Устав

од Vladimir Zorba

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на неговиот состанок со комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји изјавил дека Бугарија ја исполнила својата должност да ја поддржи европската перспектива на Република Северна Македонија. „Сега е време нашите соседи да ги исполнат своите заложби за уставно гарантирање на правата на граѓаните на Северна Македонија со бугарска самосвест“, додаде тој.

„На еврокомесарот остро му го предочив непријатниот инцидент со одбивањето на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев да влезе на територијата на Северна Македонија на 6 мај. Нагласив дека ваквото однесување на властите во Северна Македонија е спротивно на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, како и не соодветствува со европските вредности за слобода на движење“, додаде Борисов.

Тој посочи дека му се заблагодарил на комесарот за реакцијата на европските институции за случајот.

Потсетуваме, претходно во вторникот претседателот на Бугарија Румен Радев имаше средба и со еврокомесарот Вархеи. Радев му посочи дека во земјава имало „систематска дискриминација на Бугарите“.

Слични содржини