Борисов излезе од притвор: Се плашам дека може да ме убијат

од Nikola Popovski
438 прегледи

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов вечерва излезе од полициска станица откако му истече 24-часовниот притвор, објавија бугарските медиуми.

-Вечераме синоќа, влегува полиција. Ниту обвинение, ништо. На крајот ништо не беше пронајдено. И кога си мислев дека си заминуваат, ми рекоа ќе те задржиме. Не донесоа овде. Како и во 1944 година, премиерот беше сведок на мафијата. Издржавме 24 часа. Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, рече Борисов кратко по излегувањето.

Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и Севдалина Арнаудова.

Претходно денеска стана јасно дека бугарското МВР не побарало 30-дневен притвор за Борисов, а неговиот адвокат Менко Менков изјави дека не се преземаат никакви активности.

Од бугарската полицијата додаваат дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија. Во текот на полициската акција извршени се претреси и заплени на три адреси.

Слични содржини