Борисов му кажал на Вархеји дека Бугарите во С. Македонија треба да бидат заштитени

од Nikola Popovski
289 прегледи

Бугарија ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија само откако категорично ќе се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и бугарскиот национален интерес, изјавил лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на работната средба со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи во седиштето на партијата.

Борисов потенцирал дека го запознал Вархеји со заедничкиот став што сите партии претставени во парламентот го усвоиле заедно со претседателот Радев во јануари 2022 година.

-Во рамките на разговорот потсетив и дека за време на бугарското претседателство со ЕУ, третиот кабинет на ГЕРБ беше тој што ја врати на европската агенда темата за европската иднина на Западен Балкан, напишал Борисов по средбата на својот Фејсбук профил.

Покрај Борисов, Вархеји во текот на денот се сретна и со бугарскиот премиер Кирил Петков и претседателот Румен Радев.

Слични содржини