Борисов: Наша стратешка цел е С.Македонија и Албанија да влезат во ЕУ

од Берта Китинска
163 прегледи

Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година е основа на нашите односи со РС Македонија. Нашата цел е членство на PCM и Албанија во Европската унија. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со партискиот подмладок информирајќи дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев,пишува на БГНЕС.

Борисов предупреди дека начинот на кој техничката Влада на Бугарија и бугарскиот претседател Румен Радев сега преговараат со Македонија може да доведе до лош резултат за Софија или „ќе предизвика двете најблиски земји и нивните народи да се мразат во наредните децении”.

„Нашата стратешка цел е РСМ и Албанија да влезат во ЕУ. И вие, младите, мора да сторите сé што е можно за да не се мразат генерациите што се сега, следните генерации. Радев ја подели земјата … сега ги подели и луѓето на темата Северна Македонија “, нагласи Борисов.

Борисов истакна дека мисли оти сегашните власти во Софија лажат, но повика да се почека до Европскиот совет, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.

– Пред тоа е Самитот на НАТО. Се надевам дека имаат храброст и вештини да ги водат преговорите што ќе ги направат двата народа на овие две соседни земји најпријателски, изјави Борисов.

Тој оцени дека во последните четири години, додека ГЕРБ беше на власт во Бугарија, неговата земја била лидер на Балканот.

– Политиката што сега се води ќе не натера да се замразиме, да се мразиме едни со други. Тогаш, зошто ќе ни се европски проекти? Влегувате во земја што не ве сака. Затоа јас и Зоран Заев се обидуваме работите да одат од долу нагоре, додаде Борисов

 

Слични содржини