Борисов: Поради Радев се мразиме со Македонија и Албанија

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Радев за само една недела успеа да се скара со нашите соседи, сега Бугарија од најсакана земја на Балканот, се што беше добро се случуваше во Софија, тука се водеше надворешната политика на ЕУ, сега се мразиме со Скопје, Албанија, ние се мразиме со Турција, има реална закана од етнички конфликт, илегални мигранти…Да одиш на состаноците на НАТО и да кажеш дека Крим е руски, јас сум едноставно шокиран, изјави денеска поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов.

Изрази благодарност до европските партнери кои остро реагираа.

– Она што ме збуни е што кандидатот за премиер Кирил Петков стои покрај тој што го прекршува меѓународното право и го поддржува оној кој вели дека ако имаш војска и влезеш во држава, таа станува твоја. Тој молчи. Кога го слушав внимателно, тој рече: ние сме за НАТО, а првата точка таму е дека Крим не е руски. И ако го каже тоа на самит на НАТО, го очекувам Столтенберг, не само Украина, очекувам од понеделник ова да има жестока реакција против Бугарија, дециден е Борисов.

Слични содржини