Борисов: Со своите постапки соседите од С. Македонија покажуваат дека не ги разбираат европските вредности

од Vladimir Zorba

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов го осуди исвиркувањето на бугарската химна во Скопје.

Борисов го искористи личниот профил на „Фејсбук“ за да ја бодри бугарската фудбалска репрезентација на натпреварот со Северна Македонија од Лигата на нации.

„Почит до момците од бугарската фудбалска репрезентација! Вака се брани достоинството на нашата нација! Како Бугарин и фудбалски навивач категорично го осудувам навредувањето на бугарската химна на почетокот на натпреварот Бугарија – РСМ. За жал, со слични постапки нашите соседи од Република Северна Македонија покажуваат дека не ги разбираат европските вредности. Напред, бугарски херои!“, сподели тој.

Слични содржини