Премиерот Бојко Борисов денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Во Скопје, премиерот Борисов и премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ќе ја одбележат втората годишнина од потпишувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка меѓу двете држави , како и славење на настани и личности од нашата заедничка историја – Илинден-Преображение востание и Гоце Делчев објави бугарската владина прес-служба.
Договорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија беше потпишан во 2017 година, што даде поттик за одржливо градење на пријателски и соседски односи. Документот е основа за зајакнување на соработката, проширување на транспортните врски и комуникации, олеснување на контакти меѓу граѓаните на двете земји.
Премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев ќе одржат билатерална средба на која ќе се разговара за напредокот на партнерството билатерално и мултилатерално. Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонија за положување цвеќе пред гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас “во Скопје.
Премиерот Бојко Борисов ќе се сретне и со претседателот Стив Пендоровски во во вилата Водно каде што се наожа претседателската резиденција.
Во Дојран, двајцата шефови на владата, Бојко Борисов и Зоран Заев, ќе го откријат обновениот споменик на полковникот Константин Каварналиев.
За време на неговата посета на Република Северна Македонија, премиерот Борисов ќе биде придружуван од вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.