Борисов за Македонија: Должни сме да формираме влада и да застанеме цврсто на нашите позиции

од Nikola Popovski
608 прегледи

Досега преговорите се одвиваат добро. И колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме, изјавил лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за нова бугарска влада. Вчера неговите луѓе од ГЕРБ се сретнале и со претставници на партијата БСП.

-Јас сум оптимист затоа што она што го гледам во меѓународниот план едноставно не обврзува како народ, како држава, како народ, да издадеме редовна влада, кажал Борисов.

На прашањето кога ќе биде средбата со претставници на ИТН, лидерот на ГЕРБ одговорил:

-Вчера имав долг разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, добар пријател. Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за С.Македонија и се изгуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Значи ние сме должни да формираме влада и да застанеме многу цврсто на нашите позиции, кажал поранешниот бугарски премиер во изјава за бугарските медиуми.

Македонската влада смета дека треба да се почека Бугарија да добие стабилна политичка влада и да се лобира за евентурално ново решение. Челници на владеачката ВМРО-ДПМНЕ неколку пати претходно изјавуваа дека планот за одложени уставни измени звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

Претходната влада на СДСМ и ДУИ ја договори и ја објави Преговарачката рамка со ЕУ во јули 2022 година, со која е предвидена актуелната обврска на земјава. Со предложените уставни измени на Преамбулата и на Амандманот 36 се предлага после бошњачкиот народ, да се додадат бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Слични содржини