Борнeмаут официјално го ангажираше резервниот голман на Барселона, Нето. 33-годишниот Бразилец пристигнува на „Виталити“ како слободен играч. Тој потпиша 12-месечен договор со „Црешите“ и станува четвртото ново засилување на клубот ова лето, по Џо Ротвел, Рајан Фредерикс и Маркус Таверние. Доминик Соланке и Луис Кук неодамна потпишаа нови договори.
Нето има еден натпревар за репрезентацијата на Бразил. Со тимот на Барселона запиша 12 натпревари во три сезони. Нето во својата богата кариера настапуваше за Фиорентина, Јувентус со кој двапати освои дабл и Валенсија.
„Да можеш да донесеш играч од калибарот на Нето е многу убаво. Ова е вистински удар за клубот и ние сме воодушевени што тој избра да ни се приклучи. Тој има огромно искуство на највисоко ниво на играта, па сигурен сум дека ќе биде огромна предност за нас“, изјави извршниот директор Нил Блејк.