Борусија: Халанд останува, бараме замена за Санчо

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел ги демантираше гласините дека норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд би можел да го напушти тимот од Северна Рајна-Вестфалија.

Офанзивниот играч Џејдон Санчо ја напушти Борусија и е нов играч на Манчестер Јунајтед, а се шпекулираше и дека Халанд да го напушти „Вестфален“.

„Нема новини за статусот на Халанд. Тој е во нашите планови и наскоро ќе се врати во тимот. Тој сака да игра фудбал, се чувствува пријатно со нас и се радува на можноста да постигнува многу голови. Што се однесува до замената за Санчо – работиме на тоа. Ние сакаме играч кој, исто како и Џјдон, ќе се развие во играч од светска класа“, изјави Себастијан Кел.

Порталот Goal.com објави дека Челси ја контактирал Борусија за потенцијален трансфер на Халанд и понудил 176 милиони евра како обештетување, но Борусија не била заинтересирана.

Халанд (20) е во Дортмунд од почетокот на 2020 година, кога ги засили БВБ од редовите на Ред Бул Салцбург. Во претходната сезона, тој постигна 41 гол на 41 официјален натпревар во дресот на „жолто-црните“.

Новата сезона во Бундеслигата, во која Баерн ќе ја брани титулата шампион, започнува на 13 август.

Слични содржини