Борусија загуби од Баерн (2:3) во дербито од 14. коло на Бундеслигата, а клубот од Дортмунд имаше големи замерки на судењето.
Фудбалерите на Борусија веруваат дека нивниот тим е лишен од пенал и дека на Баерн потоа му е досуден таков. Лукас Ернандез го собори Марко Ројс при 2:2 во шеснаесетникот на Баерн.
„Не бев сигурен дека пеналот за мене е чист, но сега кога повторно ја видов ситуацијата, сигурен сум дека судијата мораше да го погледне уште еднаш. Пеналот што беше досуден поради Матс беше премногу суров. Тој се обиде да ја удри топката со глава и да дојде до неа, му треба секако остатокот од телото“, изјави Ројс.
Многу пожесток беше играчот од средниот ред на Борусија, Емре Џан.
„Срамота. Секогаш истото со Баерн, ваквите ситуации секогаш се судат во нивна корист. Ова не е прв пат… Лошо е што таков пенал ја решава играта. Вакви работи не смеат да се случуваат. Зошто постои ВАР?“
Баерн со оваа победа и избега на второпласираната Борусија на четири бода.