Борусија поради Путин го избрка човекот кој ја бомбардира Југославија

од Nikola Popovski
444 прегледи

Герхард Шредер, поранешниот германски канцелар, остана без почесното членство во Борусија Дортмунд, соопштија од клубот во средата.

„Милионерите“ се решија на тој чекор бидејќи Шредер одби отворено да ја осуди руската агресија врз Украина.

Шредер, човек кој беше канцелар на Германија за време на агресијата на НАТО врз Југославија во 1999 година, се сметаше за човек близок до Владимир Путин.

Тој важеше и за заговорник на увозот на руски гас во Германија, поради што одлуката на Борусија веднаш стапува на сила.

Од клубот објаснија дека во Украина има големо кршење на меѓународното право и дека почесен член не може да биде човек кој е на една од водечките позиции во руските државни компании.

Се однесува на Роснефт, каде Шредер е во надзорниот одбор.

Фото: VLADIMIR RODIONOV/GETTY IMAGES

Слични содржини