374
Борусија Дортмунд е подготвена да се откаже од одличниот Џејдон Санчо доколку добие понуда од 100 милиони евра, објави германскиот „Билд“, цитирајќи извори од клубот.
Манчестер Јунајтед е заинтересиран за 21-годишниот Англичанец веќе подолго време, сепак, поради високата цена, тие веднаш се повлекоа од преговорите.
Јунајтед преговараше и со Дортмунд минатата година, беше најавен голем трансфер, но на крајот договорот пропадна и Санчо остана во Германија.
Санчо дојде во Дортмунд од Манчестер Сити во 2017 година за 10 милиони евра.