151
Напаѓачот Луис Суарез, кој сега е слободен играч, може да ја продолжи кариерата во германската Бундес лига, објави „Скај Спорт“.
Борусија (Дортмунд) размислува да достави понуда за играчот откако замената на Ерлинг Халанд, Себастијан Алер, ќе пропушти извесно време поради онколошко заболување.
Еден куп тимови ова лето веќе покажаа интерес за 35-годишниот Суарез, а тој засега сака да остане во Европа.
Меѓу кандидатите за него беа, или се, Милан, Марсеј, Ривер Плата, Јувентус, Астон Вила, Ајакс, Фенербахче и екипи од САД.