Борусија (Дортмунд) ја продолжува потрагата по нов напаѓач кој ќе го замени Себастиен Алер. Како што е познато, на новото засилување од Вестфален му беше дијагностициран рак на тестисите и мораше да оди на операција, оставајќи го надвор од терените на неодредено време. Затоа на „Сигнал Идуна Парк“ им треба играч кој ќе го води нападот во негово отсуство, а последното име на кое се насочија е ветеранот Антони Модест од Келн, пишува „Тутомеркато“.
34-годишниот Французин импресионираше со своите игри минатата сезона, постигнувајќи 20 гола во Бундеслигата. Тој е под договор со тимот до 2023 година, што значи дека Дортмунд ќе мора да плати трансферна сума за неговите права, но веројатно нема да биде премногу, бидејќи се очекува да не биде поголема од 5 милиони евра.
Модест не е единствената опција пред Борусија, а последните денови се поврзуваат и имињата на Мауро Икарди и Кшиштоф Пјонтек. Во оваа фаза, сепак, името на Французинот дојде до израз, а веројатно една од причините за тоа е што тој ќе излезе многу поевтин од другите две опции.