Босанскиот национален совет ги повика Бошњаците во Македонија да го поддржат референдумот

од desk2
89 прегледи

Босанскиот национален совет ги повика Бошњаците кои живеат во Македонија да гласаат „за“ на претстојниот референдум и со тоа да ги отстранат сите препреки за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција.


– Со членството на Македонија во ЕУ и НАТО се стекнуваат основните услови за траен и стабилен мир, сигурност, соработка и доверба во регионот што е идеал на Бошњаците кои живеат на просторите на Западен Балкан. Со гласањето „за“ на референдумот на 30 септември 2018 година, граѓаните на Република Македонија се определуваат за стабилност и економски развој и напредок, се вели во соопштението од Босанскиот национален совет.