Бошкоски му одговори на Груевски: „Машки докажав дека сум невин“

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Вчера, македонската јавност беше сведок на ослоботителна пресуда, која ја добив во процесот „Кампања“. Пресуда на која претходеше меѓународна пресуда од Судот за човекови права од Стразбур, стои во Фејсбук статусот на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, како одговор на експремиерот Никола Груевски кој на Фејсбук излезе со коментар за ослободителната пресуда за случајот Кампања.

„Пресудата од Старзбур и пресудата од македонскиот суд потврдија дека е повредено моето право и дека цели пет години, како и во другите судски процеси што се водеа против мене, невин лежев во затвор. Не сум изненаден каква човечка кукавица е бегалецот од Будимпешта, кој само неколку дена пред бегството зборуваше дека е подготвен да робува за својот народ, за својата Македонија затоа што е невин, го остави најсветото.

Тој лажно се декларира дека е #ВМРО, а највисоката вредност во народните демохристијански и конзервативни партии е семејството. Тој, прво, си што напушти своето тричлено семејство, својата мајка, и на крајот, како што и тој вели, најсветото – Македонија. Оставајќи тука кукавичино гнездо, кукавичините јајца во вид на ботови, кои и под овој мој текст ќе ги пишуваат недоличните фрази „треба да се убие“, „предавник“, „сестра Љубе“ итн.

Јас, за разлика од бегалецот, исправен пред правдата ги издржав невин единаесетте години за моето семејство, кое ми е најсвето и за мојата највозвишена цел – Македонија.

Ќе ја прашам будимпештанската кукавица и бегалец: „Од која позиција во разговорите со министерот за надворешни работи и со братучед му, еден од најпознатите балкански и европски криминалци, договараат буквална промена на името Македонија. Па зборуваат… па прашува кукавицата од Будимпешта: Дали сакате, што мислите вие, дали да биде горна, северна, јужна Република Македонија (Скопје)… повторувам, зборувам за кукавицата од позиција на премиер.

Во тоа исто време јас во кафеански муабети му објаснувам на еден мој пријател, кој ми должи пари, кои сум му ги дал за адвокати, кои се позициите на Обединети за Македонија. Тоа што му го кажувам може бегалецот да го види во едно од трите снимени видеа, кои јавно се прикажуваа во судницата во Скопје, во Кривичниот суд, како јас му зборувам дека имам интервју во „Дневник“ и го кажувам официјалниот став, кој беше пред 11 години, додека робував, а и денес – тоа е национална хармонизирана позиција.

Од моите претседателски избори во 2009 година, ова е мој личен став цели 14, но и официјален став на политичката партија Обединети за Македонија. Да го прашам квазипатриотот, кој ги остави на бришан простор и партијата и народот, на кој сега се повикува и семејството, дали знае што е национална хармозирана позиција?

Уште еднаш нему и на ботовите да им кажам дека тоа значи: Сите политички партии, дали се парламентарни или вонпарламентарни, без разлика на нивната големина, да седнат на заедничка маса и да договорат ако е услов на светото име Македонија да се додаде некаква придавка, а да нема победници или поразени, да нема триумфализми, ако сакаме влез во НАТО, да одлучиме – или ќе ја додадеме именката и влез во НАТО и ЕУ или ќе останеме без НАТО и ЕУ, спремни да јадеме корења, но да не дозволиме придавка.

Ние и на сите говори, па и на овој во Универзалната сала, кажавме дека не го даваме уставното име. И гледај… чудо. Во неговото вчерашно обраќање на неговата страница кукавицата додал и доказ, а тоа е двеминутен кафеански муабет со мојот пријател, без да се наврати и да го изгледа тоа што го изгледа целата јавност во судницата во овој двегодишен обновен процес во случајот „Кампања“.

Кукавицо, иако не сум те сметал за соговорник и сум те игнорирал во целиот мој живот (нити си ми бил подобен за разговор нити во мојата целата политичка кариера и во времето кога заедно бевме во Владата и после тоа и денес), ова мое обраќање го правам за оние ботовите што ќе пишуваат и ќе го величат човекот што си ги напушти семејството, Македонија, ВМРО и демохристијанските и конзервативните вредности, скриен со украдените милиони кај најголемиот русофил, со неплатените милионски сметки, оставајќи ја партијата што сите ние ја создававме (ВМРО-ДПМНЕ) на милост и немилост.

Ти ли се најде, Бруте, да зборуваш на грбот на својата фамилија и својот народ?“, наведе Бошкоски.

Слични содржини