Бошков: Бизнис секторот не го поздравува „политичкото“ зголемување на минималната плата за 3000 денари

од Nikola Popovski
320 прегледи

Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на работодавачи смета дека во однос на покачувањето на минималната плата, неопходно е да има колективно договарања во сите сектори поединечно.

-„Политичкото“ зголемување за 3000 денари на минималната плата не наидува на добредојде во бизнис секторот, бидејќи не е договорено. Не е во услови на економски раст и во рамки на логичност на економската состојба и затоа што не е разговарано со социјалните партнери. Ова е пробен балон, а имаме сектори кои не би исплатиле минимална плата. Има сектори кои имаат и лагодна состојба за да ја исплатат оваа плата, вели Бошков во емисијата „24 анализа“.

Тој се наврати, како што кажа, „историското аирлија минимална плата од 8060 денари“, која според него, била историска грешка во моментот на донесување на тој закон, во тој момент на колективно договарање и намалување на реалната минимална плата во сите сектори.

Слични содржини