Бошковска-Јанковски: Со Регистарот на вистински сопственици, ЦР ќе се вклучи во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Со воспоставување на Регистарот на вистински сопственици, Централниот регистар ќе се вклучи во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам, вели за Стандард директорката на ЦР, Марија Бошковска-Јанковски. Воведувањето на регистарот е обврска од новиот Закон, согласно кој Централниот регистар е обврзан да го воспостави и да го води Регистарот.

Во интервјуто таа вели дека Централниот Регистар важи за една од најдобрите институции во земјата заради својот однос кон корисниците, брзината на нудење на своите услуги, посветеноста за континуирано подобрување на својата работа, а сè со цел подобрување на деловната клима и олеснување на водењето бизнис во земјата.

За неодамна стартуваниот Регионален портал на бизнис регистри (BIFIDEX), Бошковска-Јанковски вели дека за само три месеци, без никаков особен маркетинг и промоција, тој е посетен од преку 10.000 посетители од 18 различни земји.

Во однос на имплементирањето на Заедничката платформа за отпочнување бизнис, директорката на ЦР смета дека таа ќе ја подобри деловната клима и ќе им го олесни патот на домашните и странските инвеститори, со што земјава повторно би се вратила меѓу првите места на рангирањето на „Дуинг Бизнис“ во категоријата „отпочнување бизнис“.

Целото интервју на следниот линк!