Бошковски: Мијалков и Груевски ја уништија ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
186 прегледи

По реакцијата на ВМРО-Народна партија и Љубчо Георгиевски за интервјуто на Сашо Мијалков, со реакција се произнесе и претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.

Според Бошкоски, Мијалков заедно со неговиот братучед Никола Груевски ја уништиле ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата реакција е со цел, во старт да се пресечат обидите да се минимизира победата на двоецот Георгиевски – Бошкоски, кои се синоним за очувување на вмровската идеја, и кои и во 2016-та, и на последните избори, ја поразија политиката која ја всадија токму тој со неговиот братучед, за кои има отворени серозни обвиненија за криминал и злоупотреба на функција. Како партија, со целосна одговорност, тврдиме дека претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од Груевски и Мијалков, ја уништија ВМРО-ДПМНЕ со нивните антидржавни дејствувања“, пишува во реакцијата на Обединети за Македонија.