Бошковски напиша отворено писмо од Идризово: Боже сочувај ни ја Македонија

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Лидерот на ОМ, Љубе Бошковски, од затворот во Идризово напиша отворено писмо до јавноста, кое го објави Фокус.

ljubeGovor-685x3201-540x252

Каде е Македонија денес? Кој кај нас треба да ги заштитува и да ги брани човековите права? Можат ли овие кои со узурпирана власт се издигаат над законите и Уставот за кои кршењето на правата и достоинството го спроведуваат и го издигаат на степен на национална најважна „Партиска стратегија“, враќајќи ја на тој начин Македонија во епохите мрачни, како што ќе напише поетот бунтовник во времето на Сталин „Поединецот е ништо, партијата е сѐ“!

Затоа од нив не може да се очекува да почитуваат закони и други власти е нереално, тие на дневна основа водат беспоштедна борба против поединецот, неистомисленикот прогласувајќи го како во Орвеловата 1984 за „предавник“, велепредавник, странски платеник, шпион, криминалец, преговарач и продавач на името и сѐ друго што тој ден како идеја се родило во нивните глави за поединецот да ги сноси сите консеквенции.

На тој начин докажувајќи пред своите, пред партијата како нивно покритие дека партијата е сѐ, поединецот ништо не е (nula est).

Затскривајќи се зад партиската завеса, ги вршат ужасните злоупотреби, удирајќи на најсветиот семакедонски код ВМРО, успеваат да го инсталираат тоталитаризмот како краен облик на она што го нарекуваат „Грижа за сите во општеството“.

Замислете истите тие кои поединецот го уценуваат, приведувајќи го на силуваните митинзи „без негова вина“ за да мора да го слуша здодевниот, пред сѐ, криминален говор на „Вождот“ за пред нив оваа фигура да манифестира моќ која притиснат од „Вистината за Македонија“ ја губи и затоа „Вождот“ на собирите го демонизира секое друго мислење и силните факти на опозицијата зашто аргументите против него се против Македонија… ужас…

Целото писмо прочитајте го на Фокус на следниот линк.