Бостон го повлече дресот со број 5 во чест на Гарнет

од Aleksandar Petrovski

Во чест на Кевин Гарнет, екипата на Бостон го повлече од употреба дресот со број 5. Најава дојде во мечот против Лос Анџелес Клиперс во кој селтикси славеа со 141:133 по две продолженија.

Гарнет одигра 21 сезона во НБА лигата во која смени три клуба. Првите 12 сезони беше член на Минесота тимбервулфс за која играше и последната година. Во меѓувреме, шест сезони настапуваше за Бостон и две за Бруклин.

Учествуваше во 15 Ол стар викенди, во 2003 година беше прогласен и за МВП во мечот на сите ѕвезди, а во 2004 година го понесе истото признание за регуларниот дел во сезоната.

Во 2008 година го освои шампионскиот прстен со Бостон. Во неа одигра 71 меч во основниот дел со просек 18,8 поени и 9,2 скока по натпревар и 26 во плејофот во кои бележеше 20,4 поени и 10,5 скока по меч.

Слични содржини