Бостон има нов сопственик, Селтикси се најскапиот тим

од Nikola Popovski
47 прегледи

Еден од главните партнери на „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм е новиот сопственик на Бостон Селтикс. Веста ја објави репортерот на „ESPN“ и познат инсајдер, Шамс Чаранија.

Како што наведува, Чисолм ќе му плати на семејството Гроусбек неверојатни 6,1 милијарди долари.

Доколку оваа цена се покаже како точна, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка.

За работите да бидат уште поневеројатни, Гроусбекс ги купија Селтикс во 2002 година за само 360 милиони долари.

По 69 одиграни натпревари оваа сезона, Бостон е на второто место на Истокот со 50 победи и 15 порази и најверојатно како второпласиран ќе влезе во плејофот.

Слични содржини