Бостон се врати во игра (видео)

од Nikola Popovski
392 прегледи

Третиот натпревар од финалната серија на истокот му припадна на Бостон, Селтикс го победија Мајами со 117:106 и намалија на 1-2.

Селтикси не заостануваа во ниту еден момент од мечот и успеаа да остварат одлична победа за да ги вратат своите надежи за пласман во финалето на НБА.

Откако по претходниот натпревар ги зафатија емоциите и имаше скандали во соблекувалната, овојпат Келтите играа напорно од самиот почеток за да постигнат успех и да покажат дека се обединети.

Тејтум беше најдобар кај Бостон со 25 поени, 14 скокови и осум асистенции, иако повеќе поени од него имаше Браун, 26. Во составот на Мајами, Адебајо имаше 27 поени и 16 скокови, Драгиќ реализираше само 11 поени.

https://www.facebook.com/nba/videos/272161740413101/

Слични содржини